Уште еден бугарски македономрзец пред политичка смрт (ФОТО)

По Красимир Каракачанов и неговата ,,чкембе” коалиција која со својата антимакедонска реторика не успеа да влезе во последниот бугарски парламент на повидок нова политичка смрт за моќна партија која водеше кампања со говор на омраза кон Македонците.



Според последната анкета на агенцијата Алфа партијата ,,Има таков народ” на Слави Трифонов нема да освои ниту едно пратеничко место во идниот бугарски парламент ако сега има избори.

Трифонов би освоил одредена бројка гласови но нема да го помине цензусот поради што не би добил ниту еден пратеник.

Трифонов е еден од најголемите антимакедонски активисти во Бугарија што очигледно не му помага да остане моќен играч на политичката сцена.

Според анкетата во водство со засилена поддршка е партијата ГЕРБ основана од Бојко Борисов додека партијата на екс премиерот Кирил Петков губи поддршка и сега би добила само 17 проценти од гласовите или 8 помалку од последните избори.

Намалување на поддршката и покрај прорускиот сентимент има и Социјалистичката партија на Бугарија блиска на претседателот Радев.

Огромен двоен пораст од минатите избори според анкетата има про-руската партија Вазраждение која отворено се залага за соработка со Русија.

Според резултатите ниту една од партиите не може да формира владечка коалиција со стабилна влада поради што доколку наскоро има избори по нив ќе мора да има уште еден плебисцит.