Бомбаш самоубиец извршил напад во област каде што се наоѓа зградата на руската амбасада во Кабул.
Трористичкиот напад се случил кога рускиот дипломат излегол да го прочита списокот на оние кои чекаат на редот за визи, изјави Хамид Хајдари, поранешен главен уредник на 1TVNews.
Очевидци велат дека може да има околу 20 загинати, пренесоа медиуми.
Според полицијата, бомбаш самоубиец активирал експлозив на влезот во амбасадата.
Вооружени стражари го убиле напаѓачот додека се приближувал до капијата на амбасадата.
Во експлозијата се повредени руски дипломат и чувар на руската амбасада, пишува РИА Новости.
Раша тудеј, пак, наведува дека меѓу дваесетте загинати има и двајца руски дипломати.







