ПИОМ објави дека просечната пензија во јули изнесувала 16.348 денари.
Најниските пензии , пак, се движат од 10.276 денари до 13.172 денари.
Највисоките пензии започнуваат од 41.724 денари до максималната 60.294 денари којашто започна да се исплаќа од март месец.
Забележливо е зголемување на јазот меѓу пензионерите во однос на примањата, односно побрзо расте бројот на пензионери со минимална примања, како и со повисоките од бројот на пензионери со средни примања, покажува анализата на порталот Пари.
Претходно во статистиката за јуни месец може да се забележи дека 90.162 пензионери земале пензии до 11.500 денари.
Според последните бројки за јули во оваа група има најголемо зголемување на бројот на пензионери, односно бројот на пензионери кои земаат пензија во групата на најниски пензии се зголемил за 2.138 и изнесува 92.300.






