Чавески за Влатко Стефановски: Каков крај (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Каков тажен крај на една легенда. Пред пензија да свириш за некоја северна. Брат му во гроб се превртува сигурно.



Ова во твитот на денот го пишува новинарот Игор Чавески за музичарот Влатко Стефановски кој повторно пееше на настан на владата во рамки на Отворен Балкан во Белград каде се промовираше Северна Македонија.

Предходно лани Стефановски свиреше и пееше на владината прослава на Илинден на Крушево кога и самиот ја спомена Северна.

Фронтменот на Леб и Сол кој беше исклучително почитуван од сите граѓани по настапот на Крушево доби огромен број критики на социјалните мрежи.

Влатко му е брат на покојниот драматург Горан кој никогаш не ја прифати северна.