Зет на директор предизвикал хаос во Агенцијата за национална безбедност (АНБ)

Зет на директор во предизвикал хаос и незадоволство во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) дознава expres.mk од луѓе запознати со работата и процедурите во агенцијата.



Хаосот се се случил откако висок функционер во агенцијата инсистирал во АНБ да се вработи негов зет кој не смее да биде вработен таму заради неговата ранливост и изложеност на опасност да биде уценуван, корумпиран или рекетиран.

Луѓето кои работеле на безбедносни проверки на зетот утврдиле дека кај него постои опасност од сериозни влијанија и дека тој не смее да добие безбедносен сертификат но директорот инсистирал на ,,прочистување” на неговото досие за тој да биде вработен.

Според информациите од АНБ зетот директно не бил дел од безбедносни, корупциски или криминални мрежи но негови блиски имаат сериозен проблем со законот што младиот човек го прави ранлив и несоодветен за работа во АНБ.

Иако луѓето што работата на безбедносни проверки во повеќе наврати известиле дека за зетот постојат непремостливи пречки да добие безбедносен сертификат директорот одбил да ја прифати оваа оценка и инсистирал по секоја цена зетот да биде прогласен за безбедносно соодветен и да се вработи во АНБ.

Директорот на АНБ Виктор Димовски кој е кадар на СДСМ од почетокот на Јули доби агреман за да биде амбасадор во Франција но се уште не е заминат во Париз.

Зошто два месеци Димовски не заминува во Франција и дали хаосот со (не)безбедниот зет има врска со тоа што Македонија е без амбасадор во главната земја членка на ЕУ, владата и МНР засега не откриваат.

АНБ е најважната домашна безбедносна агенција која во изминатиот период од формирањето ја тресат низа скандали.