Адвокатот и член на раководството на Твоја партија смета дека граѓаните не треба да се чудат сега на цените на струјата на ЕВН туку чудење требало да има кога австриската компанија вработувала луѓе блиски на врвовите на владеачките партии.
,,Не ви беше чудно што ЕВН редовно на многу високи позиции прима најблиски луѓе од врвот на владеачките партии. Им дава огромни плати и привилегии. Сега ќе се чудиме како струјата чини 1.500 денари а транспортот 3.000″, анализира Тортевски.





