Наспроти раширеното уверување во Македонија дека голем број нејзини државјани се подготвени да заминат во странство за да живеат и да работат таму, платформата „Атлас“ го тврди спротивното – само еден процент би го сториле тоа.
Тоа ја става Македонија на дното на рангирањето во кое се опфатени 45 земји, на кое на врвот е Исланд со 19,1 отсто граѓани што би продолжиле да живеат надвор од границите на островската држава.
Во првите пет се уште Финска со 16,3 отсто, Замбија со 16, Кенија со 15,4 и Данска со 14,8 проценти.
Од земјите од регионот, 8,1 отсто Турци би се отселиле од својата татковина, 7,1 отсто Грци, 4,5 отсто Бугари, како и 1,7 отсто Романци.





