За над 100 отсто повисоки сметки за парно добија скопјани за месец август. Граѓани кои се јавија во нашата редакција се пожалија дека од БЕГ им стигнале сметките за парно, иако месецот не е завршен, објави СДК.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на 29 јули донесе одлука цената на парното да се зголеми за 14%, што е многу помалку од зголемувањето на сметките кои сега ги добиваат граѓаните.
„Првпат се случува да добиеме сметки пред да заврши месецот. Ај што стигнаа порано, туку се повисоки за 100%. Зошто стигаат волку високи сметки кога поскапувањето требаше да биде само 14%“, прашува еден од граѓаните кои се јавија во редакцијата на СДК.
Тој ни ги приложи и сметките за парно за месец јули и август. Сметката за јули изнесува 1.977 денари, а за август 4.122 денари.
Од РКЕ велат дека и до нив стигнале вакви поплаки од граѓани и испитуваат дали има нерегуларно зголемување.







