Во Скопје на 72 годишна возраст почина Виктор Самуел Мизрахи, поранешен претседател на Еврејската заедница на Македонија и врвен македонски интелектуалец.
Виктор Мизрахи е роден во 1950 година во Скопје во еврејско семејство кое загубило стотина членови по бугарската фашистичка депортација на македонските Евреи во втората светска војна.
Ќерката на Мизрахи, Рашела, која е пратеник во македонското собрание во последниот поздрав до својот татко објави едно негово животно мото: Да се живее со достоинство, чест и образ на земјата, значи да се има мир на небото.




