Дали ЕВН и МВР го дозволиле криминалот во Арачиново? (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ)

Фактот што ЕВН потрошената но ненаплатена струја од општина Арачиново ја наплаќала од другите потрошувачи кои плаќале редовно покрена прашања за улогата на австриската компанија во кражбата на електрична енергија во скопската општина.



Повеќе профили на социјалните мрежи поставуваат прашање дали ЕВН за кражбата на струја пријавила во МВР и дали полицијата постапила по пријавите против крадците ако воопшто има таква пријава.

ЕВН вчера во изјава за МКД.мк најави дека наскоро ќе има кривични пријави но не објави дали досега имало кривични пријави за Арачиновци какво што има за стотици други граѓани кои се фаќаат кога крадат струја.

,,Ако ЕВН знаело за кражбата а не пријавило во МВР, туку парите ги наплатило од плаќачите, тогаш и ЕВН е учесник во кражбата.
Ако ЕВН пријавило во МВР а МВР не превзела ништо, тогаш и тие се учесници. Треба да следи пријава/тужба од РКЕ или правобранителот”, се вели во твит од профил на редовен плаќач на струја кој е еден од десетици илјади граѓани кои поради неплаќањето на Арачиновци на ЕВН низ годините плаќале милиони за струја ја трошел некој друг што не сакал да плаќа.

Повеќе профили на социјалните мрежи поставуваат логично прашање зошто ЕВН со години дозволувала долгот на Арачиновци да дојде до фантастична сума пари која била наплаќана од други чесни корисници.

Ако ЕВН пријавувала а МВР не постапувало одговорноста ќе се бара кај врвот на полицијата.

Посебно прашање е ако се докаже дека ЕВН незаконски наплатувала на сите корисници за струја што ја трошел некој друг по што логично би било да се очекува дека во случајот ќе се вклучи и Јавното обвинителство.

Измама, носење во заблуда, противправно стекнување се само дел од кривичните дела со кои може да се соочи менаџментот на ЕВН за наплата на струја од луѓе кои не ја потрошиле.

За еден од ставовите во членот 353 кој се однесува на злоупотреба на службена должност менаџментот на ЕВН може да се соочи со затворска казна до 20 години доколу се докаже дека австриските менаџери противправно наплатувале непотрошена струја од граѓаните редовни плаќачи.