Енергетската криза предизвикана од руската војна во Украина може да ги доведе француските домаќинства до двочасовни прекини на струја во најлошото сценарио за оваа зима, предупреди француската премиерка.
Елизабет Борн рече дека проблемот е делумно предизвикан од последиците од војната, но и од планираното затворање на околу половина од француските нуклеарни реактори заради одржување.
„Тоа значи дека произведуваме помалку струја и можно е, ако биде многу студено, да има моменти кога ќе имаме проблеми со снабдувањето со електрична енергија“, изјави таа за телевизијата ТМЦ, додавајќи дека во тие случаи според ротирачки принцип ќе се исклучува струјата соседство по соседство на два часа.
Таа рече дека потенцијално на компаниите би можеле да им бидат воведени рестрикции за гас.






