Косовските власти ја обвинија Србија за поткопување на дијалогот со Приштина со одбивањето да ја повлечат меѓународната потерница за косовскиот премиер.
Рамуш Харадинај ќе биде во Брисел на 17 ноември и тоа е неговата конечна одлука, изјави за електронското издание на весникот „Експрес“Халил Матоши, шеф на кабинетот на премиерот.
Тензиите меѓу Србија и Косово се засилија на почетокот на оваа година, откако Харадинај – поранешен лидер на Ослободителната војска на Косово, а од септември премиер – беше уапсен во Франција врз основа на потерницата издадена од Србија. Тој беше ослободен откако францускиот суд го одби барањето на официјалниот Белград за негова екстрадиција,потсетува Радио слободна Европа.
Западни официјални претставници, кои се стационирани во Приштина, како и локални претставници за безбедност стравуваат дека Харадинај вбуи можел да биде уапсен за време на официјални посети во странство, доколку Србија не ја повлече потерницата, пренесува Ројтерс.
Не ги коментираме пишувањата на медиумите, рече Матоши.





