Дали е предоцна: Премиерот тврди дека владата посветено работи на решавање на енергетската криза

Посветено работиме на ублажување на последиците од енергетската криза, тврди премиерот Ковачевски на денот кога цената на струјата порасна за над 40 насто за 24 часа.



,,Креираме амбиент за граѓаните и деловната заедница да може да постават најбрзо, наједноставно и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја.

На денешната Владина седница поминаа измените и дополнувањата на Законот за градење кои ќе бидат доставени во собраниска процедура.

➡️ Процедурата која денес е усвоена на Влада предвидува фотонапонските електроцентрали да може да бидат поставени на објекти во индивидуална сопственост до 6 киловати и од страна на правни лица до 40 киловати;
➡️ Ги поедноставуваме процедурите и клучно е што на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи;
➡️ Со ова излегуваме пресрет и на бизнис секторот и на граѓаните, а помагаме на домашниот електроенергетски сектор;
➡️ Апелирам сите пратеници проактивно да се вклучат во носење на измените во Законот за градење, да ја донесеме измената и да помогнеме на граѓаните”, пишува Ковачевски во објавата до јавноста.

Најголем дел од граѓаните немаат повеќе илјади евра за инсталација на фото волтаици а мала е и временската рамка за нивно инсталирање пред почетокот на зимата и почетокот на кулминацијата на енергетската криза.

Никому не му е јасно зошто владата оваа мерка не ја донесе уште на пролет за досега да биде помината во Собранието и зошто мерките не се придружени со владини субвенции и банкарски можности.

Ковачевски пред да стане премиер бил дел од бизнисот со фотоволтаици.