Екипите на ЕВН вчера влегоа во Арачиново, за да направат увид во електричната мрежа и да ги лоцираат местата каде што се крадат огромни количини струја поради кои настанаа дефектите во електричната мрежа, а кои оставија голем дел од селото со денови без струја.



Искорнати кабли, оштетени кутии, извлечени кабли, уништени струјомери… Ова беше сликата на која вчера наидоа екипите на ЕВН во Арачиново чии жители со години не плаќаат струја, пренесе Телма

Од ЕВН велат дека ова е прва фаза во која се врши проверка на мрежата, лоцирање на дефектите и местата каде се краде струја, а потоа ќе се спроведува планот за реконструкција на мрежата и дислокација на броилата кои во меѓувреме се уништени од локалното население. Времетраењето на оваа фаза може да трае и со месеци, додаваат од ЕВН

Претходните обиди на ЕВН да испратат екипи во Арачиново најчесто завршувале со вербални расправии и физички пресметки. Од ЕВН велат дека полицијата ретко кога доаѓала да помогне. Според пресметките на компанијата, во Општина Арачиново годишно се краде струја вредна шест милиони евра.