Украинската контраофанзива почна лошо – Русите тврдат дека уништиле голем број тенкови, оклопни возила, авиони…

Украинските војници претрпеа големи загуби во неуспешен офанзивен обид во регионите на Миколаев и Херсон во три правци, соопшти руското Министерство за одбрана, јавува РИА.



„За време на борбите, уништени се 26 украински тенкови, 23 пешадиски борбени возила, девет други оклопни борбени возила, соборени се два нападни авиони Су-25 “, соопштиле од Министерството.

Се наведува и дека украинските војници се обиделе да извршат офанзива по директна наредба на претседателот Володимир Зеленски.

Дека Украина денеска започна офанзива на јужниот фронт објави Ројтерс, повикувајќи се на официјалниот претставник на оперативната команда „Југ“ на украинското Министерство за одбрана, Наталија Гумењук.

Украинските сили долго време се надеваат дека ваквата офанзива би значела пресврт во војната и враќање на окупираните територии на југоисток.