Милошоски: Арачиново е со 0,7 отсто население во МК, а краде 10 отсто од струјата

Додека министерот за економија го релативизира крадењето струја, граѓаните плаќаат поскапо, а многу фирми се мислат дали да стават клуч на врата!



Владата на Ковачевски и Бектеши е досега убедливо најлошата влада, без сериозен план и стратегија за економијата и енергетиката!

И замислете колку многу се краде струја кога Арачиново со 0,7% од населението во Македонија (12.000 жители), според признанието на министерот Бектеши, краде 10% од државната струја која потоа, преку повисоки сметки ја плаќаат сите други граѓани и фирми – вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.