Индиските власти урнаа два нелегално изградени облакодери во близина на Делхи.



Се се случило за помалку од 10 секунди, пишува Гардијан.

Толпата луѓе кои го гледаа уривањето од покривите на околните згради навиваа и ракоплескаа додека облакодерите високи 103 метри се уриваа во контролирана експлозија.
Врховниот суд минатата година нареди уништување на кулите во областа Ноида, откако судот утврди дека тие прекршиле бројни градежни правила и стандарди за заштита од пожари.

Повеќе од 3.700 килограми експлозив биле активирани а експлозивите беа поставени стратешки за да се обезбеди минимална штета на областа.

Осум месеци се подготвувавме за оваа експлозија од 10 секунди“, изјави инженер од компанијата која беше задолжена за уривањето.

ВИДЕО