За малку катастрофа меѓу две членки на НАТО, ловец Ф-16 бил ,,заклучена” мета на С-300

Системи за противвоздушна одбрана на Грција поставиле радарска ,,Мета” на турски авиони кои летале во извидничка мисија над Медитеранот, во потег што правилата на НАТО го опишуваат како „непријателски чин“, објави Си-Ен-Ен Турк.



Според медиумот, турските авиони Ф-16 вршеле операција во Егејското Море и Источниот Медитеран во меѓународниот воздушен простор на 23 август, кога биле блокирани од комплекс за воздушна одбрана С-300 од руско производство, стациониран на островот Крит.

Турскиот авион ја завршил својата мисија и безбедно се вратил во својата база, но таквите акции се сметаат за „непријателски“ според правилата за ангажман на НАТО, забележува Си-Ен-Ен Турк.

Турскиот медиу го опиша инцидентот како „некомпатибилен со духот на алијансата“, имајќи предвид дека и Турција и Грција се членки на НАТО.

Турција и Грција со децении се жалат дека летала на другата страна го повредуваат територијалниот интегритет на една од соседите а досега се забележани илјадници воздушни инциденти меѓу двете земји.