Австрија дели бонуси за граѓаните поради високата инфлација

Да ги заштити граѓаните од инфлација, Австрија дели по 500 евра за возрасен и 250 евра за дете плус бонуси.



Австриската влада уште во средината на јули донесе мега пакет мерки за помош против зголемената инфлација и трошоците за живот со вкупна вредност од шест милијарди евра.

Исплатата првично беше најавена за октомври, но медиумите јавуваат дека таа наводно би можела да дојде веќе во септември.

Секое семејство со деца, покрај редовниот детски додаток во август, добива и дополнителна еднократна парична помош од 180 евра по дете, како поддршка пред почетокот на новата учебна година, пишува Вечерњи.хр.

Дополнително, особено финансиски ранливите групи граѓани како невработените, пензионерите со мала пензија и социјални случаи во септември ќе добијат еднократна парична помош од 300 евра. Зголемениот семеен бонус од 2.000 евра и зголемувањето на детскиот додаток на 550 евра ќе се исплаќаат годинава, а не следната година, како што првично беше планирано.

Инфлацијата во 19-те земји од еврозоната порасна за рекордни 8,9 отсто во јули.