Османи во Голо Брдо: Обезбедуваме поддршка за македонското малцинство во Албанија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска беше во посета на Македонците во месноста Голо Брдо во Албанија каде истакнал дека Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на јазични и културни особености на македонската заедница во Албанија, преку конкретни проекти и соработка .



„Потребни се дополнителни заеднички напори со Албанија за промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште со што би се подобрила економската и трговска соработка во овој крај, како и слободата на движење на локалното население од двете страни на границата. Ова прашање беше покренато како едно од клучните прашања од интерес на македонското население во областа Голо Брдо“, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на средба со Македонците од овој крај.

Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на јазични и културни особености на македонската заедница во Албанија, преку конкретни проекти и соработка, објави министерот на Фејсбук.

Според Османи, има одличнa соработка со албански институции и благодарни сме за нивната поддршка за Македонското национално малцинство во Албанија.

Посетата на шефот на македонската дипломатија доаѓа во време на засилена бугарска пропаганда која има за цел да прикаже дека припадниците на македонското малцинство во Албанија се – Бугари.

Ѓурѓај: Бугарија сака да измисли Бугари во Албанија