Камион со мигранти бил фатен утрово во Бургас, јави БНР.



Според полицијата во Бургас, камионот го управувал 60-годишен македонски државјанин.

Според првичните информации, во приколката на камионот биле пронајдени повеќе од 100 лица – мажи со авганистанско потекло.
БНТ подоцна објави дека 88 мажи биле пронајдени во товарниот простор на камионот, дизајниран за транспорт на храна и опремен со систем за ладење.

Со полициска придружба ТИР-от со мигрантите е пренесен до дистрибутивниот центар за бегалци.

За случајот е поведена предистражна постапка.Њуз.бг