Американски воени бродови на вежби во Тајванскиот теснец

Два Американски воени бродови-разузнувачи влегоа во Тајванскиот теснец – прв ваков маневар по контроверзната посета на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајпеј, пренесува „Ројтерс“.



Курт Кембел, координатор за индиски и пацифички прашања во Советот за национална безбедност на Белата куќа, на брифинг за ситуацијата околу Тајван рече дека САД ќе продолжат да работат во воздушниот и поморскиот простор каде што тоа го дозволува меѓународното право.

Според него, „ова вклучува спроведување на стандардни бродски премини низ Тајванскиот теснец“.

По посетатата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван на 2 јули Кина започна воени вежби околу Тајван.

Тајван кинеските воени вежби ги нарече проба за напад.