Власта избра наследник на Русковска

Извори во обвинителството за expres.mk тврдат дека во координација меѓу државниот обвинител Љубомир Јовески, два центри на политичка моќ во Скопје и Струмица плус еден во Тетово договорен е кандидатот за наследник на Вилма Русковска.



Шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал предходно беше суспендирана за наводни грешки во постапката за шефот на Финансиската полиција Арафат Муареми.

За главен кандидат за наследник на Русковска е избран Трајче Пеливанов екс обвинител во СЈО на Катица Јанева а од лани обвинител во јавното обвинителство за организиран криминал на чие чело треба да дојде наскоро.

Пеливанов од истото обвинителство кое најверојатно ќе го води до изборот на нова влада доби кривична пријава за бонусите во СЈО кои според Државниот завод за ревизија биле давани незаконски на обвинители и други вработени во сега затворениот специјално обвинителство.