Авторот на колумната ,,Сакам да кажам” од истоимениот портал Горан Михајловски се обидува да ја објасни апсурдната ситуација во селото Арачиново каде дивовклучени корисници на системот на ЕВН предизвикаа прекин на снабдување со струја.
Михајловски не сака да биде обвинет дека е националист затоа што Арачиново е населено со Албанци, тој бара проблемот да се анализира од аспект на почитување на правото.
,,Ајде сега, без политиканство и без да се обвинуваме кој е националист, а кој космополит, без да мешаме во приказнава Албанци, Македонци и сите останати наброени во Преамбулата на Уставот, да се обидеме со прости зборови да опишеме што се случи во Арачиново, откако цела општина остана без струја поради преоптоварување на трафостаниците затоа што имало многу диви приклучоци, а на ЕВН им било страв да влезат да го санираат дефектот.
Во земја што е членка на НАТО и земја која сериозно се подготвува за преговори со ЕУ, Владата преговара со жителите на едно село да им дозволат на екипи на ЕВН, со помош на полицијата, да ги исклучат дивоприклучените што не плаќаат струја, за да може чесните граѓани што си ги плаќаат сметките да имаат струја”, пишува Михајловски меѓу редови чудејќи се што законот не важи за сите подеднакво за сите.
Целата колумна на СДК.






