…Во земја што е членка на НАТО и земја која сериозно се подготвува за преговори со ЕУ, Владата преговара со жителите на едно село да им дозволат на екипи на ЕВН, со помош на полицијата, да ги исклучат дивоприклучените што не плаќаат струја, за да може чесните граѓани што си ги плаќаат сметките да имаат струја – пишува новинарот Горан Михајловски во редовнатаколумна на порталот СакамДаКажам.



Министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека е точно оти во Арачиново има загуби на струја, но и во други општини има иста ситуација. Тој вели дека „крадење на електрична енергија е кривично дело, но тоа не е проблем само на една компанија туку на системот кој треба да ја реши оваа работа“, и додаде дека „во секоја општина и во секое семејство има некој кој не ги почитува регулативите“, па затоа „ќе побарам и од МВР да постапат во сите општини каде има големи загуби на електрична енергија“.

Е штом не е само Арачиново, тогаш веќе тоа е олеснителна околност.

А зошто во Арачиново не може да влезат екипи на ЕВН?