Русите ќе им градат две нуклерани централи на Унгарците

Руската компанија „Росатом“ во наредните недели ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактори во Унгарија, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.



Ова доаѓа по информацијата дека Унгарија купува дополнителни количества Гас и нафта од Русија во пресрет на енергетската криза

„Ова е голем чекор. На овој начин Унгарија долгорочно ќе обезбеди енергетска сигурност и ќе ги заштити Унгарците од неконтролираниот раст на цените на енергијата“, рече Сијарто.

Според него, реакторите би можеле да бидат во функција до 2030 година, пренесува АФП.

Во 2014 година, Русија и Унгарија постигнаа договор за проширување на постојниот нуклеарен постројка Пакс.

Електраната „Пакс“ во моментов произведува 40 отсто од електричната енергија во Унгарија, а со дополнителните два реактори капацитетот ќе биде повеќе од двојно зголемен.

Руската нуклеарна индустрија не е покриена со санкциите на ЕУ,пренесе Блиц.рс.