Наци-поздравувачот со нова порака до Македонците: Ние сме еден народ во две држави

Контроверзниот бугарски европретник кој испраќаше наци-поздрави во Европскиот парламент, денеска, со провокативен статус на Фејсбук одбележа 126 години од раѓањето на Ванчо Михајлов. Ангел Џамбаски рече дека „со народот зад Деве Баир, ние (Бугарите) сме еден народ поделен со вештачка граница“.



„Легендарниот лидер на ВМРО, кој ја водеше во клучните години по смртта на Тодор Александров. Времиња на предавства, тешкотии и поделби и во Организацијата и во бугарското општество“, пишува Џамбаски и додава:

„Денес покрај Вардар владее лагата. Лагата која Иван Михаилов ја разоткрива илјадници пати во својата дејност. Неговото име сè уште влева страв кај предавниците и Србите во Северна Македонија, па се прави сѐ за да се плука по него, а неговите зборови извадени од контекст и ставени во служба на лагата на македонизмот“.

„Доброто е што има написи, интервјуа и книги во кои јасно може да се види како се дефинира Иван Михаjлов, што мисли за населението во Македонија и како младите треба да се доживуваат себеси“, продолжува постот.

„Со народот од зад Деве Баир ние сме еден народ, поделен со вештачка граница“.