Оља Ристова, судијката која го судеше предметот за случајот „Двојник” за издавање на патни исправи со лажен идентитет прашува зошто сè уште нема истрага насочена кон организаторите на криминалната шемата на издавање пасоши.
Ова го објавува мкд.мк кој пишува за судијката Ристова која за „Двојник” изрече високи затворски казни од 16 години за вкупно седум обвинети од овој предмет кои главно беа издавачи на пасошите со украден идентитет на криминалци.
Ристова за порталот вели дека таа постапка би требало да ја покрене Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, но сè уште таков обвинителен акт не е покренат. Зошто е тоа така треба да одговорат од ова Обвинителство.
На социјалните мрежи деновиве се појави видео во кое судијката Ристова, која е една од ретките кои знае да им порача на политичарите да не го мешаат судството во политика, зборува за селективна правда.
МКД.мк ја прашала Ристова за изјавата, но и за ставот денес во врска со прашањето за селективна правда, а Ристова вели дека стои зад тоа што го кажала пред околу една година на сесијата на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија.
„Точна е таа моја изјава, но не е нова. Се однесува и на случајот „Двојник”, но не само за него. Има повеќе такви случаи, а таквата појава особено може да се забележи кај случаи каде што има голем број обвинети. Јас таму велам дека „полицијата и обвинителството треба да објаснат” зошто некои службени лица не се опфатени со обвинението и истрагата. Понекогаш обвинителите и полицијата, за да најдат соработници на правдата, се спогодуваат со некои лица за да не ги вклучат во обвинението за да добијат повеќе информации за случајот. И тоа не важи само за овој случај”, вели судијката Ристова за МКД.мк.
Целиот текст на мкд.мк
Повеќе детали за случајот
Судијка открива дека и по пресуди за ,,Двојник” МВР продолжува издавање пасоши за криминалци (ВИДЕО)







