Денеска можен дожд – викендов до 33 тепени

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.



Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.

Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 26 до 33 степени и УВ-индексот 7.

Во Скопје е сончево со мала до умерена облачност и максимална температура од 32 степена. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.