Унгарија „докупува“ руски гас и нафта

Унгарската влада донесе одлука да набави дополнителни околу 700 милиони кубни метри природен гас покрај количините предвидени во постоечките договори.



Ова го соопшти Тамаш Менчер, унгарски државен секретар, прецизирајќи дека набавката „на толку голем обем е невозможна без руски извори“

Во првата фаза до крајот на август дневно преку гасоводот „Турски поток“ ќе се доставуваат 2,6 милиони кубни метри дополнителен гас.

Сега се водат преговори за распоредот за септември, пишува Менчер.

Тој објасни дека прашањето за дополнителни испораки на руски гас за Унгарија било договорено при посетата на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарт на Москва на крајот на јули.

Меѓу другото, Сијарто потоа разговараше и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Целта на договорот за дополнителни набавки е желбата на унгарската влада да „обезбеди безбедно снабдување со природен гас на земјата“, се вели во пораката на државниот секретар на унгарското Министерство за надворешни работи.