И интелектуалците колнат зарем не… : Клети да сте, гладни да останете

Во јавноста постои мислење дека колнењето најчесто е карактеристика на немоќни луѓе со пониско ниво на образование кои веруваат на виша сила која ќе ја исправи неправдата.



Затоа треба да загрижуваат случаи во кои кон колнење на тие што нанесуваат неправда пристапуваат и интелектуалци.

,,Не бе не биле исти, абе дамбетер станаа, море гладни да останете, ненајадени едни.
Како може држава да опстојува со ваков непотизам и партизација во администрација и јавни институции.
Па ниедна држава не може да ја плати таа цена и да опстои.
Клети да сте, ја изедовте државава и иднината и на вашите деца кои од вас ќе добијат само вработување и шугаво општество”, пишува политичкиот аналитичар и новинар Ивор Мицковски кој користи клетви како начин на осуда на владеачката елита кој досега не го користел.

Тој клетвите ги упатува за веста поврзана со вработување на блиски на државни функционери во државни институции каде има екстремно високи плати.

РСЕ: Во АЕК вработени сопругите на Османи и Протуѓер, синот на Бухова…