Телевизиската серија од 10 епизоди за животот на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин е готова од пред пет години, септември 2017 година, еден месец по потпишувањето на Договорот за пријателство со Бугарија, објавува Александар Дамовски од порталот МКД.
Ниту една македонска телевизија со национална концесија досега не прифатила да ја емитува серијата во која има сцени на измачувањата на Рацин од бугарски фашистички иследник за време на Втората светска војна, има сцени за Првото заседание на АСНОМ, за Панко Брашнаров, пишува Дамовски во текстот кој може да го прочитате на овој ЛИНК.
За сериите кои биле снимени а никогаш не биле емитувани во времето на СФРЈ се користеше терминот ,,Во бункер”.





