Тежок криминал или ,,обичен” скандал: Фокус со мистериозна најава за министер близок на Заев

Во последните 5 години, Министерството за земјоделство издало само едно одобрение за извоз на огревно дрво и други производи од дрво. Последното одобрение го добила компанија за пелети од Брвеница.



Ова стои во најавата на текстот на неделникот Фокус кој на насловната страна страница го објавува министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

Каква е врската меѓу Николовски и фирмата за пелети од Брвеница Фокус не соопштува во најавата.