ОН: Населението во Македонија ќе се преполови до крајот на веков!

Македонија е меѓу осумте најзагрозени држави во Европа во поглед на големината на населението, кое до крајот на овој век ќе се намали за 40-50 проценти, покажуваат податоците на Популацискиот фонд на Обединетите нации (УНФП).



Покрај Македонија, со ваков проблем се соочуваат и Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Летонија, Литванија, Полска и Ерменија, посочува агенцијата на ОН.

Како причини за неповолните демографски трендови во овие земји се наведуваат ниската стапка на наталитет, високото ниво на миграција, стареењето на населението итн.

Според последниот попис од минатата година, Македонија има 1.836.713 жители или 9,19 отсто помалку во однос на претходното пребројување од 2002 година.