Перо Камиказа до Малески: Од најгласен за останување во СФРЈ, стана најголем бугарофил

Фронтменот на групата „Меморија“, Петар Георгиевски – Камиказа, со јавно обраќање без влакна на јазикот до професорот и прв министер за надворешни работи на независна Македонија, Денко Малески.



„Господине Денко Малевски

Бевте најгласен за останување во ‘србокомунистичката Југославија’, како што ја викаат вашите нови газди, Бугарите. Дури пишувавте фермани дека сами нема месец дена да издржиме таа далечна 1992, кога сите се боревме за самостојна Македонија. За награда и без срам, станавте министер за надворешни работи, амбасадор и што ти уште не!!!

Сега, по 30 години, станавте најголем бугарофил и заштитник на великобугарските шовинистички идеи… До Вас ли е, до нас ли е, што ваква ‘троцевка’ како Вас, си игра мајтап со сите нас што сме Ве плаќале од нашите даноци со години!!!

Или имате и К-15 од други држави за ваквите негаторски ставови кон сопствената држава во континуитет. Бугарите ве преземале, по сè изгледа, од за нив најомразените ‘србокомунисти’ на ТИТО, за две ‘червени’ од парите што им останаа од времето додека истите беа под челичната завеса на СССР!!!

Нели имаш трунка чоештина во тебе, а?! И да, татко ти Владо Малески се превртува во гроб, инаку автор на текстот на химната на МАКЕДОНИЈА!!!“, напиша на Фејсбук еден од кандидатите за градоначалник на Скопје на ланските локални избори.