Затаракоски за ,,македонската одбрана на Албанци што не плаќаат струја”: Хонорарите да ви ги имам, образот да ви го немам

Во коментар во кој ги анализира Македонците блиски на власта кои ги бранат граѓаните што не плаќаат струја, активистот Иљче Затаракоски зборува за двојните стандарди на апологетите на власта.



Затаракоски кој порано беше жесток критичар на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ сега во коментар со наслов ,,Слободарите во напад на фашистите”, бара логика во различниот пристап на луѓето блиски на СДСМ кои предходно бараа Македонците да не влегуваат во албански маала а сега за фашисти ги прогласуваат тие што сметаат дека неплаќање на струја од страна на Албанци не е добро.

,,Кога ја коментираш веста дека голем дел од жителите на Арачиново не плаќаат струја, тогаш си фашист.

Кога ги делиш маалата на македонски и албански и бараш сите да си останат во своето трло, тогаш си прогресивен и космополит.

Хонорарите да ви ги имам, образот да ви го немам. За ум, се гледат погоре…”, пишува Затаракоски.