Линда Мекензи Петкова, сопругата на екс бугарскиот премиер Кирил Петков се врати во родната Канада. Таа објави фотографии од нејзината ќерка и од пејсажите во родниот Ванкувер, а пријатели и роднини и порачаа – Добредојде дома!
Веста дека Петкова си заминала во родната земја, без сопругот, ја објавија и повеќе бугарски медиуми. Потсетуваат за скандалот кога пред неколку месеци се појави видео снимка од Петков и поранешната шефица на неговиот кабинет, Лена Бориславова.
Линда и Кирил Петков се венчале во 2000 година во Ванкувер, и заедно живееле во Канада до 2007 година, кога решиле да се преселат во Бугарија.







