Бугарите не губат време: Секое дете во Македонија кое ќе учи бугарски јазик ќе добива стипенија од 30 евра месечно

Бугарската фондација „Македонија“ на својот Фејсбук-профил се пофали дека секое дете кое ќе учи бугарски јазик ќе добива стипенија од 30 евра месечно. И уште најавуваат дека ќе се отвораат бугарски неделни училишта. Покрај Македонија, ваква иницијатива се најавува и во Србија.



Ова е само најава, како што пишува Република, што би се случувало доколку власта успее во намерата да ги внесе Бугарите во македонскиот Устав. Тогаш 3500 Бугари од пописот според механизмот „Балансер“ ќе имаат право на вреботување и учење на бугарски јазик и на отворање училишта.