
Корисниците на Фејсбук на своите профили добиле голем број пораки од непознати лица упатени до познати личности, а овој проблем не е само кај неколкумина туку кај поголем дел од корисниците на оваа социјална мрежа во целиот свет.
Илјадници корисници на Фејсбук се пожалиле дека наместо активности на нивните пријатели, гледаат (спам) пораки или коментари оставени од непознати луѓе на страниците на познатите личности.
Експертите објаснуваат дека се работи за „баг“, пренесува PiunikaWeb.
Проблемот со Фејсбук е забележан и на платформи како што е „Down Detector“ чиј графикон покажува дека извештаите за „багови“ се зголемуваат.
Компанијата сè уште официјално не се огласи за проблемот.
Британски „Метро“ пишува дека „багот“ се чини не влијаел на апликацијата за паметни телефони. И корисниците на ИОС и Андроид известуваат дека Фејсбук работи нормално за нив.





