„Од Нова година поскапување на цената на струјата. До Нова година ќе има поскапување на цената на гасот и парното. Тоа значи дека во следните 5 месеци ќе имаме два дополнителни круга на зголемување на цените во малопродажбата.“ – вели пратеникот од партијата „Гром“ во македонскиот парламент Љупчо Пренџов во својата објава на фејсбук.
Пренџов пишува: „Војната во Украина е само еден ПОМАЛ дел, кој влијае врз зголемувањето на цената. Поголемиот дел е арамилакот во РЕК Битола, тендерите во четири очи, ‘копањето’ јаглен на фирмите на власта по 27-28 часа на ден, иако денот трае 24 часа, дозволувањето да се краде струја во цели градови и села, за да се добијат гласови и т.н.“
„Деновиве видовме дека краделе и при набавките поврзани со пандемијата (‘воени профитери’), си купиле повеќе од 150 нови возила во време на 4 прогласени кризни состојби и сега ни соопштуваат дека, и покрај тоа што треба да штедиме (и да готвиме во мали тенџериња), цената на струјата пак ќе оди нагоре.“
„СО ПРОМЕНАТА НА ВЛАСТА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ЌЕ СЕ НАМАЛИ. НЕ ЗАТОА ШТО ИМАМЕ ВОЛШЕБНО СТАПЧЕ, ТУКУ ЗАТОА ШТО НЕМА ДА СЕ КРАДЕ ВО РЕК БИТОЛА И НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ЦЕЛИ ГРАДОВИ И СЕЛА ДА НЕ ПЛАЌААТ СТРУЈА ВО ЗАМЕНА ЗА ГЛАСАЊЕ НА ЕДНА ИЛИ ДРУГА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА‼“





