Гестот на Гордана Гештаковска, која го развеа македонското знаме со Сонцето од Кутлеш пред грчкото на врвот Митикас (на грчки: нос) на планината Олимп, висок 2.918 метри, ги „запали“ социјалните мрежи.
Како дел од група планинари, скопјанката родена во Ресен на 21 август го освои вториот највисок врв на Балканскиот Полуостров и еден од највисоките во Европа „во смисла на топографската важност“, како што стои во нејзината објава на Фејсбук.






