Луѓе од власта уништуваат човечки судбини: Група направена за пресметка со ВМРО-ДПМНЕ удри по СДСМ

Фејсбук страница направена и координирана од тимот за комуникација на владеачката партија признава дека СДСМ има функционери кои глумат шерифи, уништуваат човечки судбини од позиција на власт и моќ и потценуваат интелигенција на народ.



,,Одредени ,,функционерчиња” сметаат дека дошле на позиција сами, затоа што се паметни и убави, па многу брзо забораваат кој биле и што биле претходно(никој и ништо). Сметаат дека функцијата им е предодредена по природен пат или им е наследство од родителите. Па така вивнати во облаци, глумејќи шерифи, не креваат телефон на граѓани, се однесуваат арогантно и самобендисано, уништуваат човечки судбини само затоа што имаат моментална власт и моќ, потценуваат интелигенција на народ. Следиме се што правите, доаѓа моментот на вистината!”, пишува во групата на СДСМ која открива дека некои луѓе во оваа партија уништуваат човечки судбини.