СДСМ и ДУИ разрешија функционер кој бара одговорност за шефот на Финансиската полиција и двајца обвинители

На денешната владина седница е разрешен државниот правобранител Фехми Стафа, потврдуваат од Владата за ,,Фокус”.



Допрва се очекува образложение за ваквата одлука. Тој на функцијата дојде во 2018 година како кадар на Алтернатива, а шестгодишниот мандат требаше да му истече во 2024 година.

Инаку Стафа пред неколку месеци поднесе кривична пријава за неуспешната конфискација за случајот ,,Трансмет”, против обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, како и за досегашниот директор на Финансиската полиција Арафат Муареми.

Паралелно со неговите кривични пријави обвинителството ја истражува улогата на Стара односно на Државното правобранителство во случајот со конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан.