Ова го изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, цитиран од Укринформ.



„Со исклучок на Унгарија и Австрија, како неутрална земја, снабдувањето со оружје за Украина не е табу за ниту една европска земја, иако беше. Затоа, прашањето не е дека земјите од Европската унија (ЕУ) се против тоа, Прашањето е дека кога се префрлате во практичниот план, се појавуваат многу различни работи – расправии и дискусии“, рече Кулеба.

Тој рече дека ваквите внатрешно-политички дискусии на западните партнери за тоа кога и какво оружје да се предаде ја чинат Украина секојдневни загуби на линијата на фронтот.