Дали Беса со 12 и и ВМРО ДПМНЕ со 4 советници ќе го состават новото мнозинство во Советот на Тетово, поради различните приоритети?

„Ако Движењето БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ постигнат договор за коалиција, ќе имаат доволен број советници, за да формираат мнозинство во Советот на општина Тетово. Заеднички ќе имаат 16 мандати, од вкупно 31. По конституирањето на Советот ќе следат разговорите за коалицирања за мнозинството во Советот.“ – објави ТВ Алсат.



На својот интернет-портал ТВ Алсат пишува: „Откако Движењето БЕСА освои најголем број советници во Тетово, сега ќе следи формирањето на мнозинството во Советот. Од партијата на Билал Касами не откриваат детали дали почнале разговори со други партии за коалиција. Портпаролот на Беса Фарук Авдиу вели дека деновиве се очекува да се конституира Советот на општината и потоа да се разговара за коалиции за мнозинството.“

„Очекуваме да започне конституирањето на новиот состав на Советот на општината. Тогаш многу брзо ќе заврши создавањето на новото мнозинство. БЕСА се стреми кон стабилно мнозинство, што ќе ги поддржи проектите, кои сега започнаа, како и оние проекти, што ги ветивме во предизборната кампања.’ – рече Фарук Авдиу од БЕСА. Но, од ВМРО-ДПМНЕ, која доби повеќе советници од македонските партии, велат дека се во постојан контакт со Движењето БЕСА, за да се санира хаосот, што го направија поранешните градоначалници на општината.“

„Ако Движењето БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ постигнат договор за коалиција, ќе имаат доволен број советници, за да формираат мнозинство во Советот на општина Тетово. Заеднички ќе имаат 16 мандати, од вкупно 31. На изборите за Советот на општината во општина Тетово најмногу советници освои Движењето БЕСА 12, ДУИ 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ 4, СДСМ 2, додека ДПА и Алтернатива по еден советник. Алијансата за Албанците, листата ‘Подобро за Тетово’ и партијата ‘Левица’ не успеаја да добијат доволно гласови, за да обезбедат мандати во Советот на општината.“

Инаку, прашање е дали и во колкава мера ќе се доближат и ќе се усогласат ставовите меѓу Беса и ВМРО ДПМНЕ во локалната власт во Тетово. Главна тема на предизборната кампања за Советот на Општина Тетово не беа комунално-инфраструктурните проблеми во општината, туку промената на имињата на улиците и училиштата. Иницијативата за ваквата промена ја покрена токму градоначалникот  и лидер на Беса Касами, со поддршка на сите албански партии. Беса и другите албански партии бараат голем дел од улиците, кои сега ги носат имињата на личности од македонската, југословенската и светската историја да се преименуваат со имиња на лица од албанската историја, меѓу кои и припадници на УЧК.

ВМРО ДПМНЕ не се согласува со оваа иницијатива на градоначалникот и лидер на Беса Касами. „ВМРО-ДПМНЕ смета дека таквите прашања не заслужуваат одговор и оти во Тетово има многу поважни прашања за решавање, како што се комуналните проблеми, непочитувањето на соодветната и правична застапеност во раководењето на општината и јавните претпријатија и немањето еднакви услови за школување за македонските ученици во гимназијата ‘Кирил Пејчиновиќ‘ и основното училиште ‘Братство Миѓени‘.“ – нагласи Ангел Карапетров, носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.