Дури 62 отсто од Германците му дале негативна оценка на Шолци окажува истражувањето на маркетинг агенцијата Инса за неделното издание на високотиражниот весник „Билд”.
Тоа е значително зголемување на бројот на незадоволниците споредено со март кога 46 отсто не биле задоволни од канцеларот.
Исто така, Речиси две третини од испитаниците се исто така незадоволни од работата на владата во целина. Во март таа имаше поддршка од 43 отсто од Германците.
Само четвртина од Германците се со став дека тој добро ја врши работата.
Социјалдемократите на Шолц, водечката партија на владејачката коалиција, се поддржани од само 19 отсто од граѓаните, значително помалку од опозициските конзервативци, но и од партнерите на СПД, Зелените.
На парламентарните избори СПД освои 25,7 отсто од гласовите.
Според западни медиуми, критичарите го обвинуваат за недостиг на лидерски способности.







