Етиопски авион промашил писта – пилотите заспале

Авион на „Етиопијан ерлајнс“ на летот од Судан до Етиопија пропуштил да слета минатата недела бидејќи и двајцата пилоти заспале во кабината.



Предупредувањето било подигнато кога авионот се приближил до аеродромот, но не почнал да се спушта. Додека контролата на сообраќајот се обидуваше да стапи во контакт со пилотите, автопилотот на авионот го држеше леталото на височина на крстарење од нешто повеќе од 10 километри.

Откако авионот ги прелетал дадените координати, се огласил автоматски аларм кој ги разбудил пилотите. Тие го слетале авионот 25 минути после тоа.

Инцидентот се случил на 15 август.