Случај Спасовски – Русковска: Двојните игри на државниот обвинител Јовески

Државниот обвинител Љубомир Јовески кој ја суспендираше обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска користи двоен аршин во третманот на различни случаи кога се работи за спас на високи државни функционери.



Двојните аршини на Јовески најверојатно имаат за цел да ги спасат од прогон четворицата високи функционери на СДСМ и ДУИ кои ги гонела Русковска. Меѓу нив е и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е инволвиран во случајот Беса турс.

Првата грешка или свесна манипулација Јовески прави кога во првичниот прогон на Русковска тој ја обвинува дека немала право да гони полицајци или луѓе со полициски овластувања.

Јовески во поширокото образложение објавено пред 5 дена забележува дека спротивно на законот, место на одделот за гонење на лица со полициски овластувања (кај што се обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и други), таа случајот го доделила на обвинители надвор од овој оддел, неовластени да постапуваат пред финансиските полицајци.

Зошто Јовески го користи овој момент кога и правници почетници знаат дека во законот за јавното обвинителство во членовите 32 и 33 јасно пишува дека Русковска и нејзиното обвинителство имаат право да гонат полицајци.

Уште повеќе што Русковска е таа која што дава овластувања што забелешката од Јовески ја прави скандалозна и крајно сомнителна.

За на обичен читател да му е јасно каква грешка или намерна незаконитост е направена во врска со полициските службеници најдобро е да се даде одговор на следново прашање: Кој ја овластил Лиле Стефанова покрај на пример случаите Империја или Траекторија да застапува и дела во кои се гонат полициски службеници?

Јовески сега ја суспендира Вилма зошто ја дала предистрагата на обвинители од нејзин одел ама кои не биле овластени да гонат полициски службеници – а Русковска е таа која овластува лица.

Посебно прашање е дали Вилма и дала на Стефанова овластување да и помага на Смаќоска во одделението кое е специјализирано за прогон на полициски службеници.

По суспензијата на Русковска Јовески на истата основа и го одзема предметот поврзан со Беса Турс и министерот Спасовски.

Сомнежот дека Јовески игра со двојни стандарди поради јасно утврдена цела е фактот што предходно Јовески на Русковска и го одзема случајот ,,Двојник” каде беа издадени стотици македонски пасоши и го даде на ОЈО Скопје кое според закон не е надлежно да гони полициски службеници.

Според текот на работите кои се случуваат сега извесно е дека Јовески намерно и го земал предметот ,,Двојник” на Русковска во кој директно се посочува на Спасовски.

Сега повторно, Јовески ја суспендира Русковска за да не го повика Спасовски на распит за случајот Беса тура.

Од досегашните чекори на Јовески јасно се индицира дека предходно државниот обвинител и го одзел предметот на Русковска за да спречи таа да ја насочи истрагата за ,,Двојник” кон Спасовски.

Третиот двоен стандард на Јовески е за јавен обвинител кој сега треба да и ,,пресуди” на Русковска за кој во најмалку два наврати има основано сомнение дека го прекршил законот или јабнообвинителските процедури поради кои не е даден на дисциплинска комисија.

Обвинителот кој сега ќе треба да ја елиминира Русковска морал да биде санкциониран од Јовески кој ги премолчил неговите незаконитости, не побарал одговорност, не го суспендирал и со тоа и самиот ги прекршил законите.

За разлика од овој обвинител Јовески ја дава Русковска на дисциплинска комисија иако е јасно дека таа имала законско право сама да одлучува како ќе ги гони четворицата функционери на ДУИ.

Јавниот обвинител на република Македонија го бира Собранието на предлог на владата што значи дека тој е под контрола на Заев и сега Ковачевски.

Јовески може да биде сменет со нова влада но тој не е заштитен од прогон и порано ако се најде обвинител кој е доволно храбар да се пресмета со незаконитоста на државниот обвинител и тие кои го поставиле.

Дали Русковска ќе може да биде во таква ситуација ќе се знае откако неа идната недела ќе ја ,,суди” обвинител кој Јовески не го гонел за кршење на законот или процедурите.