Познатиот албански публицист Кастриот Мифтарај изјави дека „оние кои војуваа во Куманово“ не заслужуваат да се наречат херои.
„Вистината можеби боли, но според мое мислење тие се неколку обични платеници, кои војуваат за пари. Тие се обидоа да предизвикаат војна меѓу Косово и Македонија“, изјави Мифтарај како што пренесува весникот „Илинден“ – Тирана.
Според него казната која им е изречена е многу мала.
37 лица беа обвинети за престрелките во „Диво насеље“ на 9-10 мај 2015 година, Општинскиот суд 1 во Скопје за виновни прогласи 33 лица, а четворица добија ослободителни пресуди.
Во нападите во кумановската населба “Диво насеље“загинаа 8 припадници на безбедносните сили, а 37 беа повредени. Триесетина членови на терористичката група се предала на полицијата, а 14 биле убиени.





