Првичните сознанија на руски истражители покажуваат дека убиството на Дарја Дугина, ќерката на познатиот руски филозоф Александар Дугин, која загина во Москва кога во нејзиното возило била активирана експлозивна направа, било планирано и нарачано.
Податоците добиени во истрагата покажуваат дека злосторството во кое загина Дарја Дугина било претходно планирано и нарачано, соопшти Истражниот комитет на Русија, пренесе Спутник.
Убиената ќерката на близок советник на Путин
Утврдено е дека експлозивната направа била поставена под автомобилот, под возачкото седиште.
На лице место починала Дарија Дугина која била зад воланот“, се додава во соопштението.
Во моментов, истражителите, со учество на експерти од Главната управа за судска медицина на Рускиот истражен комитет, ја продолжуваат истрагата.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, коментирајќи го настанот, рече дека ги чека резултатите од истрагата.
„Доколку се потврди украинската трага – а оваа верзија ја претстави лидерот на ДНР Денис Пушилин, и мора да се провери од надлежните органи – тогаш треба да зборуваме за политиката на државниот тероризам што ја спроведува режимот во Киев“, напиша Захарова на нејзиниот телеграмски канал.






